Ким Кардашијан ја видовме во далеку посмела верзија: Јелена Розга во необичен мини фустан кој мами погледи (ФОТО)
Хрватската пејачка секогаш има стајлинг кој привлекува внимание, а пред неколку вечери настапи во Будва во необичен краток фустан кој навистина остава впечаток
Летната сезона е делот од годината во кој нема одмор за регионалните ѕвезди, а една од оние кои често настапуваат е хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга, која продолжува да одржува успешни концерти ширум Балканот.
Така, пред неколку вечери, таа ја воодушеви публиката во Будва, каде што обожавателите на Розга уживаа во нејзините најголеми хитови, одличното расположение и стилот за паметење.
Овој пат пејачката се потруди да остави впечаток, а изборот падна на необичен фустан со потпис на францускиот бренд „Jean Paul Gaultier“.
Станува збор за мини фустан со долги ракави наречен „Body Morphing“, кој е инспириран од дезените на зебра, а остава впечаток со впечатлив контраст и динамичен распоред на широки и тенки пруги.
Иако на прв поглед изгледа како овој модел да е црно-бел, тој всушност е во тегет и бела нијанса, а за него е потребно да се издвојат 690 евра.
Во 2018-та година во слична креација ја видовме американската ѕвезда Ким Кардашијан, која на доделувањето на „People's Choice Awards“ носеше проѕирно разголено и макси издание.
Тоа е винтиџ парче од пролетната колекција на Готје во 1996-та година, кое подоцна доби посвежа верзија во модната колекција од 2019-та година, а потоа повторно во 2021-ва година.
Извор: glossy.rs