Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина

Според блогот Spotted by locals каде се објавени водичи за 71 град, креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот, Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.

- Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност, стои во статијата на блогот за Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска.

Останатите Европски арт - кина може да се видат на http://www.spottedbylocals.com/blog/europes-best-art-house-cinemas/.