Ќе бидат среќници: Магичната млада месечина во Лав им носи добри вести и голема среќа на овие четири знаци

Официјално го преполовивме жешкиот месец август и сме на прагот на последната Млада Месечина во летото. Ќе ни даде можност да се рестартираме, да уживаме во малите нешта и да бидеме покреативни. Младата месечина ќе помине под покровителство на знакот Лав, што ќе ги разгори нашите страсти и ќе го направи овој магичен лунарен момент уште поемотивен, сензуален и возбудлив. Сега е време да ја оставиме секојдневната рутина зад себе и да се препуштиме на нашите вистински желби!

Новите месечини носат промени. Нивната енергија за обновување е совршен момент за пауза, поглед наоколу и преориентирање на нашите животи. А Лавот, кој е познат како вљубеник во забавата, ќе не‘ инспирира да експлоатираме и да се препуштаме на сите оние задоволства кои не секогаш си ги дозволуваме. Колку поголеми, толку подобро!

Сега е време да пробате нови работи, да бидете креативни и да постапувате според наредбите на срцето. Нашата самодоверба ќе биде на својот врв и треба да ја искористиме!

Новата месечина на Лав во август прави да се чувствуваме смели, забавни, разиграни и романтични. Сепак... мора да имаме на ум една работа бидејќи Венера е сè уште ретроградна и многу блиску до Сонцето и Месечината. Треба да бидеме внимателни во личните односи.

Постојат 4 знаци за кои Младата Месечина во Лав ќе биде гламурозна, прекрасна и многу среќна. Еве кои се тие:

Близнаци – подгответе се за целосна промена и уште едно прилагодување. Сега е време да се запрашате што точно сакате. Промените за вас ќе бидат исклучително конструктивни, а вашата љубопитност ќе ви овозможи да ги преиспитате старите врски, да се ослободите од вишокот и храбро да тргнете напред кон новото и возбудливото.

Девица – Смелата енергија на оваа Млада Месечина ќе ви даде многу извори на инспирација и ќе ја разгори вашата страст. Страст за нешто ново, за нешто авантуристичко, за нешто смело. Ќе ги следите вашите импулси, а тие ќе ве одведат на убави места. Време е за создавање спомени!


Следна страна