Ќе ми се оствари ли сонот?

Добивај вести на Viber

  Кико продолжи да ме бакнува. Неговите бакнежи беа нежни и полни со страст. Чувствував како неговите раце се движат низ мојот грб и надолу по бутовите. Со прстите ми ги галеше бутовите и полека ми го штипкаа моето убаво обликувано газе, па ми ги милуваа препоните и ми го допираа меѓуножјето. Јас стенкав, просто се топев под неговите прегратки, како мраз на сонце. Ја галеше мојата врела пичка, која како лотосов цвет се отвораше под неговите врели прсти. Се наведнав и го фатив неговиот кур. Полека почнав да го лижам. Кико почна да воздивнува. Под мојот јазик почувствував како му пулсира неговиот набрекнат кур, а неговите сокови течеа и ми се слеваа во устата. Се борев за воздух бидејќи устата ми беше полна, а не сакав ниту миг да испуштам од оваа слатка игра.

  Мајкл се движеше лево-десно околу нас и нѐ фотографираше. Кико ме заврти и неговиот врел кур го намести одзади. Со раце ја фатив фотелјата. Неговиот врел кур влегуваше и излегуваше длабоко од мене. Другпат би се срамела од ваков настап пред некого, но имав искуство со други. Сексот со Кико ме исполнуваше, ме импонираше затоа што се чувствував како посакувана личност и ги искажував моите чувства. Не можев да издржам и почнав да се наведнувам.

  Кико ме фати за раце и легна на земја. Се качив врз него. Се набивав на неговиот кур лево-десно. Во еден миг двајцата свршивме громогласно. Мајкл беше одушевен од глетката, фотографираше со восхит и одвреме-навреме воздивнуваше длабоко. Кико му кажа: „Немој да фотографираш сѐ“.

  Додека лежевме со Кико, Мајкл испраќаше фотографии. Го изгубив чувството за време и по извесно време му заѕвони мобилниот телефон. „Овде е газдата на агенцијата“, се слушна од другата страна. Разговараа кратко и Мајкл по разговорот кажа: „За неколку дена нѐ чека на разговор и ако е сѐ во ред ќе потпишеме договор“. Станавме, се облековме. Беше многу доцна. Речиси се раздени.

  Мајкл отиде дома, а на Кико му кажав да ме врати дома кај Елена. На испраќање му реков: „Утре нѐ чека напорен ден“. Кико климна со глава. „Што ќе им кажам на Елена“, си помислив во себе. Кико сфати што размислувам и ми рече: „Вики, кажи им дека имало некоја забава, а телефонот ти е празен и затоа не си се јавила. Ако треба и другите од фитнес ќе потврдат. Да почекаме деновиве што ќе се случи, да не се фалиш предвреме“. Климнав со глава кога дојдовме пред куќата кај Елена, само се поздравивме и Кико си замина.

  Кога влегов в двор, ја здогледав Елена, која седеше во темно со отсутен поглед. Очите ѝ беа тажни и црвени. Што се случува мама Елена? Седнав до неа. Молчеше извесно време и почна да зборува: „Вики, мораме да разговараме. Никој не сака ваква ситуација да се случи, а најмалку на денот од свадбата. Целосно те разбирам. Периодов е тежок за сите нас. Верувам тебе ти е најтежок. Замислувам каква горчина и гадење ти се крева од желудникот. Но, немој никого да обвинуваш. Судбината едноставно си поигра со нас. Верувај ми, тебе те засакав како мое дете, но Стив е мој син. Овде в туѓина можеби пари има, но животот е тежок. Стив ете порасна со лошо друштво. Години траеше кошмаров, а ние како негови родители правевме сѐ за да се оттргне од тоа лошо друштво и ете кругот се затвора. Биди стрплива, ќе се реши сѐ. А јас, верувај ми, сѐ ќе направам за да се задржи вашиот брак“.

  „Мама Елена, ако сакал Стив, одамна ќе се оддалечел од нив, но сигурно дека тој живот го влечел. Вечерва не е соодветно време за овој разговор“, одговорив кусо, не сакајќи да ја повредам.

  Навистина ми беше жал за Елена. Но, и јас не бев моќна. Сакав живот, љубов, секс, смеа и радост. Сакав да знам дека постојам, дека некому му требам. Да седам на клупа в парк со мојот избраник и да го слушам ситниот дожд како паѓа и да мирисам опоен мирис измешан од капки дожд, трева и цвеќе. Сакав да седам во слаткарница и едно колаче да го делам на пола, само да бидам среќна. Сакав да одам низ продавници и да гледам гардероба. Сакав да го сонувам својот сон. Сакав срцето да ми трепери како лист на гранка. Сакав да се возам со брод низ непознати предели и да не мислам на ништо. Сакав да се забавувам, да одам навечер по забави и да се дружам со луѓе. Сакав! Се сакав! Само оваа грозна реалност не ја сакав. Не сакав убиства, дрога и други глупости што ми се приредуваа секој ден.

  Размислив набрзина и одлучив да ѝ кажам нешто што би ја охрабрила Елена, па затоа ѝ реков: „Мама Елена, ајде да си легнеме. Утре е нов ден. Наутро ќе одиме да го посетиме Стив. Си рековме дека ќе бидеме храбри и дека нема да се вознемируваме во овие моменти. Можеби ќе се средат работите подобро отколку што ги мислиме“. Ја прегрнав и заедно влеговме внатре. Се истуширав и си легнав. Бев многу изморена, со измешани чувства.

  Утрото се разбудив и ѕвонев кај моите. Не сакав да ѕвонам рано, но сакав да ги известам за сите настани. Како и да е, вистината е вистина, колку и да боли, ако не се прифати како таква, ако нема соочување со фактите од реалноста, само ќе се продолжи да се живее во илузија.Се јави мајка ми. Прво почнав да плачам. Потоа, хронолошки ѝ раскажав сѐ што знаев, без да лажам. Таа се вознемири многу: „Леле ќерко, што направивме. Ах, таа Леа!! Како можеше ова да ни го направи“. Таа почна возбудено и брзо да зборува каејќи се за, но ја прекинав и ѝ реков: „Мамо, тоа е завршено. Сега е доцна за сѐ. Единствено сега се трудам ако можам да се снајдам самата јас. Држете ми среќа. Ако не, за кусо време ќе се вратам дома“.

  Утредента кога станав, веќе ги донесоа од аеродром брат ѝ и снаа ѝ на Леа. Се поздравив со нив, си поразговаравме и тие заминаа в болница. Подоцна, заедно со мама Елена и со Кире отидовме кај Стив. Кога влеговме тој беше, нервозен. „Мамо, излези надвор, сакам со Вики да разговарам“. Елена го послуша и излезе, а тој ми се обрати: „Слушај Вики, моментално сум неспособен и сум немоќен. Тоа значи дека не можам да контролирам ништо. Со тек на време, со рехабилитација, ќе се средам. Те молам, немој да шеташ премногу бидејќи ќе си имаш последици“. Ништо не му одговорив на оваа негова закана.

ТУЃИНКА