Ќе се бришат каматите на долговите за сите граѓани

Бришење на каматите на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните, во угостителството, транспортот, туризмот, на тутунарите, медиумите, е предвидено со петтиот сет мерки. 

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки.

„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Повеќе информации за бришењето на каматите на долговите на граѓаните прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк