Ќе се сончаме летово на плажа или плановите ќе пропаднат?
Поради епидемијата на коронавирусот, неизвесно е како ќе помине летово и дали граѓаните ќе можат да заминат на одмор надвор од земјата.
До 1 јули нема да има реализација на аранжмани преку агенциите, а за понатаму не се знае.
Но, дури и да се отворат границите, граѓаните ќе имаат одредена доза на резерва и нема да можат слободно да патуваат како претходно.
Но, состојбата се менува од ден во ден, а туристичките агенции ги следат препораките и мерките на Владата.
„Што се однесува до реализација на аранжманите за годишните одмори во оваа ситуација на вонредна состојба е тешко да се каже дали ќе биде остварлива. Ситуацијата се менува секојднево од час во час и согласно препораките на властите тоа е непредвидливо. Не се знае до кога ќе трае ваквата состојба за да може нешто од планираното да се исполни. Она што се предвидува и планира од страна на туроператорите и туристичките агенции е летните аранжмани да се откажат, меѓу другото и поради неизвесноста во делот на регулирање на патниот сообраќај со одредени држави што би било последователно на кризата. Најавите од одредени земји на Европската Унија за воведување на посебни здравствени потврди за патување не остава простор за било каква одлука во моментот. Ситуацијата во туризмот на глобално ниво е повеќе од комплицирана. Но, едно е сигурно, здравствената криза предизвика сериозна криза во туризмот која ќе се одрази на подолг рок“, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.
Што велат медиумите во соседна Грција за летово, а и за скептичноста на граѓаните прочитајте на Фактор.мк