Ќе се зачудите со овие 14 правила на БОН -ТОН
Правилата на однесување се многу едноставни, само што веројатно заборавивме на некои од нив. Во продолжение, 14 од кои малку ни се познати... Ќе бидете изненадени ...
1. Ако кажете „Ве повикувам", тоа значи дека плаќате. Ако кажете „Ајде да одиме во ресторан", тогаш во тој случај, секој плаќа за себе.
2. Никогаш немојте ненајавени да пристигнете кај некого. Една британска дама, има решение за овој проблем. Ако нејзините гости пристигнат, без да бидат претходно најавени, секогаш облекува чевли и става шапка. Ако и се допаднат вели: „Само што се вратив дома" Ако не, тогаш воздивнува и вели: „ Ах, само што излегувам од дома!“
3. Никогаш не го ставајте вашиот мобилен телефон на маса во јавност. Кога ќе го направите ова, ќе се прикаже важната улога на уредот во вашиот живот, или уште полошо, ако ви е досадно секогаш ќе може да видите што е ново на Фејсбук и Инстаграм.
4. Ако шетате со некој на улица и тоа лице застане да се поздрави со неговите пријатели, и вие треба да го направите истото.
5. Повеќето луѓе веруваат дека правилниот начин да се јаде суши е со користење на стапчиња. Меѓутоа, мажите, за разлика од жените, можат да го јадат и со своите раце.
6. Секогаш мора да имате чисти чевли!
7. Ако некој ве навредува, не враќајте со иста мера и не повишувајте глас. Никогаш не се спуштајте на нивното ниво. Насмевнете се и избегнувајте лоши луѓе.
8. Мажот треба да оди од левата страна на својата жена.
9. Девет работи што треба да ги чувате во тајност, и да не ги доверите на никој: возраст, богатство, семејни недоразбирања, религија, здравствени проблеми, љубовни врски, подароци, чест и срам.
10. Кога во театар или кино одите на вашето место, секогаш треба да бидете свртени со лице кон оние кои седат.
11. Ако некој ве довика со овие груби зборови „Еј ти таму!" Немој да се одзивате!
12. Златното правило за користење на парфем е умереност. Ако го почувствувате и доцна во вечерните часови, тогаш знајте дека сте претерале.
13. Кога ќе влезете во соба полна со луѓе, најпрвин треба да се поздравите.
14. Ако ви е простено, откако ќе се извините, не се враќајте повторно на оваа тема.
Целта на овие бескрајни, едноставни правила е да се подобри животот.