„Ќе треба пак да чувам бебе“! Ќерката на Дарко Лазиќ ја запознала сестра си, па му признала на татко ѝ што ја мачи

Добивај вести на Viber

Синот Алексеј и ќерката Лорена ја запознале нивната помала сестра Срна, а пејачот откри како поминала средбата.

Пејачот Дарко Лазиќ неодамна стана татко по трет пат, а сега ги откри и впечатоците од првите неколку дена со ќерката Срна. Иако се‘ уште не менува пелени, Дарко истакна дека ужива во времето поминато со семејството и дека ѝсе восхитува на сопругата Катарина која одлично се носи во улогата на мајка.

- Од мене се гледа дека сум се избричил, дека имам подочнаци, малку сум уморен, не спијам навечер, но тоа се некои „слатки маки“. На Кача ѝ оди многу добро и е многу грижлива мајка, поради што сум многу среќен. Засега, фала богу, се‘ е како што треба. Таа е одлична мајка, а јас сум одличен татко, по којзнае кој пат. Уште не менувам пелени, уште немам храброст, бидејќи бебето штотуку се роди, па кога малку ќе зајакне, тогаш ќе менувам, немам проблем да го направам тоа, знам како оди - Лазиќ вели за Блиц, потсетувајќи се на моментот кога докторот му рекол дека Кача ќе се породи:

-Кога ја добив Лорена работев, кога го добив Алексеј исто, сега првпат со Кача одевме на редовен преглед, таа воопшто немаше закажан термин. Сепак, докторот рекол: „Тато може слободно да си оди дома да си ги донесе работите на мама, мама останува, таа денес се пораѓа“. На пат кон дома го промашив патот. Заминав за Ниш, наместо во Сремска Митровица. Баш бев збунет во тој момент.

Неговите деца, синот Алексеј и ќерката Лорена ја запознале нивната помала сестра Срна, а пејачот откри како поминала средбата:

- На Алексеј се‘ му е интересно, мал е, за мене е уште бебе, мислам дека сè уште не разбира што е тоа, а Лорена знае се‘ и е расположена: „Ќе мора повторно да чувам бебе“. Сите се одлични. Срна личи на мене. Кача само вели: „Родив ќерка која личи на тебе“.


Фото: Youtube - screenshoot