Ќерката на Доналд Трамп обожава гламур: Ова се најелегантните изданија на Иванка Трамп (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иванка Мари Трамп е родена на 30 октомври, 1981 година. Таа е поранешен модел, денес една од најуспешните деловни жени во Америка. И секако - ќерка на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.

Иванка е второ дете на контроверзниот американски бизнисмен и американски претседател Доналд Трамп и неговата прва сопруга Ивана Трамп. 

Иванка е десна рака на нејзиниот татко и, како што тврдат американските медиуми, најважната жена во неговиот живот. Активно е вклучена во деловното работење на нејзиниот татко и работи како извршен потпретседател на Организацијата Трамп.

Иванка е во брак со градежниот претприемач Герад Кушнер од 2009 година, кога го прифати јудаизмот и роди три деца.

Ќерката на Доналд Трамп, како и многу други богати наследнички, не е имуна на гламурот и скапите фустани. А ова се некои од нејзините најелегантни изданија...