(ФОТО) Ќерката на Џони Деп позира топлес, но е срамежлива

Добивај вести на Viber

Лили Роуз Деп е една од најaктуелните тинејџерки во Холивуд. Таа е модел за брендот Шанел, и ѕвезда во новиот филм "Верен човек", а медумите приватно ја поврзуваат со тинејџерскииот актер Тимоти Чаламет, пишува „Пипл“.

Но, колку добро ја познаваме 19-годишната ќерка на Џони Деп и на Ванеса Парадис? Лили открива сосема нова страница од себеси на насловната страница на Winter Magazine's Winter 2018 issue.

Откако Деп се приклучи на Шанел како модел во 2014 година, таа глуми во бројни кампањи, вклучувајќи ги и рекламите за парфемот Шанел број 5. Но, и покрај тоа што е цело време во центарот на вниманието и позираше топлес за ова најново списание,  таа е всушност прилично срамежлива личност.

„Не ми е пријатно на сите фотосесии, но тоа е дел од шоу бизнисот. Јас сум многу срамежлива“, изјавила Лили.

Интересно е што на најновата насловна, таа позира со Памела Андерсон.