Ќерката на Масимо Савиќ објави потресна порака: Ќе го поминам остатокот од животот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На неговата наследничка, Мирна, почетокот на годината ѝ падна тешко...

Семејството на легендарниот пејач Масимо Савиќ многу тешко ја поднесува неговата смрт и не може да се помири со фактот дека него повеќе го нема.

Имено, на неговата наследничка, Мирна, почетокот на годината многу тешко ѝ падна, а сега своите емоции ги сподели и на социјалната мрежа Фејсбук.

Мирна имала бројни планови со својот татко, а сега е скршена од болка, бидејќи пејачот повеќе не е крај неа за да ги остварат.

„Денес требаше ние тројца да стоиме вака прегрнати, но пред матичнo. Тато планираше да нѐ изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од животот обидувајќи се да му простам на универзувамот за оваа болка“ - напиша Мирна покрај фотографијата на која насмеана позира покрај својот татко и момче.


фото: Принтскрин / Фејсбук / Инстаграм