ЌЕРКАТА НА ПАНЧЕВИ МАТУРИРА: Горди сме на скромноста на Надица

Добивај вести на Viber

Надица Панчева, ќерката на поп-пејачката Маја Гроздановска-Панчева и на фудбалската легенда Дарко Панчев сношти славеше матура. Голема матурска прослава, Маја и Дарко на постарата ќерка и организираа на нејзиниот роденден во март, кога стана полнолетна. Сношти, Надица ја прослави матурата со своите пријатели.

Надица ќе се запишува на Филолошкиот факултет, отсек германистика и книжевност

„ Не можеме да поверуваме колку брзо помина времето, како вчера да беше. Драго ни е што Надица израсна во прекрасна и скромна личност, а тоа го оправдува и секој ден на нашата посветеност. Најгорди сме на нејзината скромност, таа правилно ги мери работите и сака да успее во тоа што сака да го работи“, изјави за Женски магазин Маја. 

Постарата ќерка на Панчеви нема да оди по музичкиот пат на мајка и, ниту по спортскиот на татко и. Ќе се запишува на Филолошкиот факултет, отсек германистика и книжевност.  „ Тоа беше нејзина голема желба, а од нас, како и секогаш, има голема поддршка“, додаде Маја.

Поп-пејачката која е вработена во хорот на МОБ, со радост се присети на случка од времето кога Надица била многу мала. 

„ Се сеќавам на една интересна случка, кога Надица како петгодишна даваше интервју за Македонска телевизија, пред Божиќ, кај нас дома. Кога на крај ја прашаа:  “Што ќе им порачаш на дечињата што те слушаат?”, одговори веднаш без размислување, онака детски:  „Па..,да, може пица“.  И на крајот сите слатко се изнасмеавме“, сподели Маја. Надица има уште една помала сестра, Марија, која има тринаесет години. 

М.Џаровска