Ќерката на Путин прими две дози: Ова е сѐ што досега се знае за првата вакцина против КОВИД-19
фото:SHUTTERSTOCK
Светот ја доби
првата вакцина против ковид-19.
Според „Индипендент“, вакцината против коронавирусот ја развил московскиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, а вчера доби и одобрение од руското Министерство за здравство.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на седницата на Владата рече дека очекува масовно производство на руската вакцина против вирусот корона, во блиска иднина и им се заблагодари на сите што работеле на првата вакцина, потенцирајќи дека тоа е „многу важен чекор за целиот свет“.
Според агенцијата АП, Путин изјавил дека вакцината се покажала ефикасна за време на тестирањата врз луѓето и дека создава постојан имунитет на вирусот корона.
Медиумите објавија дека една од двете ќерки на рускиот претседател исто така ја примила вакцината.
- Таа учествуваше во овој експеримент. По првата доза на вакцината, таа добила температура од 38 Целзиусови степени, додека во следните денови паднала на малку над 37 степени - рече тој, додавајќи дека по втората доза на вакцината, температурата малку скокнала, а после тоа сè било во ред.
„Таа се чувствува добро и има голем број антитела“, рече тој.
Претходно беше напишано дека најмалку три руски компании ќе го започнат индустриското производство на првата вакцина против вирусот корона до септември, а рускиот министер за индустрија и трговија, Денис Мантуров, посочи дека тие се компаниите Џенераум, Р-фарма и Бинофарм. Тој додаде дека Русија планира да произведе неколку илјади дози вакцина месечно оваа година и дека дозата ќе се зголеми за неколку милиони дози следната година.
извор: glossy.espreso.rs