Ќерката на шеикот од Катар во Мадрид се појави без хиџаб: Носеше фустан кој беше совршен во секој детаљ
Таа е едно од седумте деца на поранешниот катарски емир Хамад ибн Калифа ал Тани и шеиката Моза ибн Насер, и вчера присуствуваше на церемонијата во Мадрид организирана од поранешната шпанска кралица Софија. Познатата наследничка се претстави во фустан кој е пример за врвна елеганција, внимание заслужуваат и деталите.
Свеченоста беше организирана по повод свеченото затворање на академската година на Музичкото училиште „Реина Софија“ („Кралицата Софија“) во Музејот „Реина Софија“ во Мадрид.
Ќерката на шеиката Моза Шеиха Хајнд ибн Хамад ел Тани носеше фустан во А линија со интересни детали на ракавите. Салонките во неутрална боја се вистинскиот избор со ваквата тоалета, чантата е старо-нов моден тренд, кој се заканува да стане број еден аксесоар во текот на летната сезона (повторно). Брилијантно стилизирана фризура одговараше со се‘.
Хамад ибн Калифа ал-Тани овој пат не носеше хиџаб, со оглед на тоа што беше во Шпанија, каде важат различни кодекси на облекување во споредба со Катар. И нејзината мајка понекогаш беше без овој детаљ за време на нејзините официјални посети во странство.
Шеиката Моза оствари неколку официјални посети на Шпанија со својот сопруг, во време кога на тронот беа кралицата Софија и кралот Хуан Карлос I од Бурбон, кој абдицира во 2014 година во корист на синот на кралот Фелипе Шести, кој е во брак со кралицата Летиција.
Модното издание на ќерката на Моза дури наликува на стилот на Летиција.
Шејката Хамад дипломирала на Универзитетот Дјук во Америка, додека магистерските студии од областа на човековите права ги завршила на Колеџот во Лондон. Се школувала и во родниот Катар. Нејзината биографија е исполнета со бројни функции. Била копретседател на советодавниот одбор на Универзитетот „Северозападен“ во Катар, член и потпретседател на Одборот на директори на Фондацијата Катар. Таа ја извршуваше функцијата потпретседател и претседател на извршниот одбор на Врховниот совет за образование, кој прерасна во Министерство за образование и високо образование. Таа имаше висока позиција во администрацијата на нејзиниот татко кој му го предаде тронот на нејзиниот брат Шеик Тамино.
Таа е потпретседател и извршен директор на Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата (QF), која е основана од нејзините родители. Од 2010 година, таа е во брак со шеикот Фајсал бин Тани ал Тани. Венчавката била организирана во палатата во Доха, а имаат пет сина и една ќерка.
Фото: Инстаграм