Актуелно // Insta вести
Ќерката на Зорица Брунцлик го облече фустанот од култиот филм „Жикина династија“: Злата заблеска во креацијата на мајка си од 80-тите
- 04 Јуни, 2023
Зорица Брунцлик
на еден неодамнешен настан се појави во придружба на сопругот Кемиш, но и
ќерката Злата Аранѓеловиќ и зетот Милош Вујановиќ.
Пејачката и нејзината ќерка предизвикаа огромно внимание, а многу брзо сите го забележаа и познатиот фустан од спотот од 80-тите што го носеше Зорица за снимањето на филмот „Жика династија“. Тој винтиџ фустан секако беше еден од најскапите фустани на овој настан.
Инаку, ова ремек дело нема цена. Пејачката ова парче го доби лично од познатиот креатор Пако Рабан, кој неодамна почина. Моделот на овој фустан повеќе не постои, а Злата во него изгледаше совршено.
Фото:petaraleksic/kurir.rs