Клаудија Шифер ја донесе мачката на црвен тепих: Чип беше вистинска ѕвезда на премиера во Лондон

Добивај вести на Viber

Германската манекенка Клаудија Шифер (53) го украде целото внимание на премиерата на филмот „Argylle“ во Лондон. Имено, Клаудија со себе ја понела мачката Чип која ја носела во ранец.

Манекенката пристигна во жолта комбинација, а на грбот имаше жолто-кафен пластичен ранец со Чип внатре, ѕиркајќи низ пластичниот прозорец на чантата.

Мачорот Чип не беше случајно на премиерата, бидејќи тој е ѕвезда на филмот „Argylle“. Миленикот на Шифер има и свој профил на Инстаграм, кој го следат 14.000 корисници.

View this post on Instagram

A post shared by Chip (@chipthecat)


Филмот зборува за повлечена авторка на серија најпродавани шпионски романи, чија идеја за блаженство е ноќ дома со нејзиниот компјутер и нејзината мачка Алфи. Заплетот станува комплициран кога реалноста и фикцијата се мешаат и авторот треба да тргне во вистинска шпионска мисија.

Фото: Инстаграм
Извор: 24sata.hr