КНИЖЕВНА СРЕДБА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ ПИСАТЕЛ ЏОРЏО МОНТЕФОСКИ НА ШТАНДОТ НА АРС СТУДИО

Добивај вести на Viber

На 30-тиот Меѓународен саем на книгата, кој е од исклучителна важност и е со огромна посетеност, во ВИП Арена „Борис Трајковски“, Арс студио на својот штанд за време на промоцијата и потпишувањето на делото Татковата куќа издадено на македонски јазик, им овозможи на љубителите на пишаниот збор лично да се запознаат со реномираниот писател Џорџо Монтефоски.

Пред многубројните слушатели писателот читаше цитати од делото Татковата куќа, а потоа и одговараше на големиот број прашања од присутните.

-  Секогаш кога ќе помислев на тој период од животот срцето ми се стегаше од немир. Тогаш имав 20 години, бев нервозен и чувствував носталгија. Имав претчувство дека ќе се случи некој настан но по кратко време навистина се случи.

-  Се гледав себеси, на плажата покрај онаа жена и двете деца и како што веќе споменав не чувствував вознемиреност. Потоа ми се смени глетката во мислата. Ги собравме кофите, сандалите и облеката, излеговме од преминот на плажата и се вративме во градот, но од пристаништето некој продолжи да ја набљудува. Кој беше тој човек?

Авторот Џорџо Монтефоски е добитник на најпрестижната италијанска награда ,,Стрега“ за делото Татковата куќа. Татковата куќа е ремек-дело на авторот во кое цело дејство се одвива во Рим. Во семејниот лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста.

Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да го посетат изложбениот штанд на Арс студио и да го одберат омиленото дело.

Во прилог погледнете ја фотогалеријата од настанот.