„Кога го погледнаа ултразвукот, лекарите ми кажаа итно да абортирам“: Таа не ги послуша, а денес нејзиниот син изгледа вака (ФОТО)

Добивај вести на Viber


Кога им било кажано дека ќе имаат дете со деформитет, младиот пар знаел дека сака да го задржи бебето без разлика на се, иако лекарите, па дури и пријателите ги советувале да се ослободат од плодот.  Не им беше гајле што тоа дете ќе изгледа поинаку и беа подготвени да се жртвуваат и соочат со потенцијалните здравствени проблеми на нивното идно дете. Ниту еден момент не се двоумеле, го засакале своето бебе – иако се уште не било ни родено.

Тие беа подготвени да се борат со кој било дефект, а кога бебето дојде на свет, Сара и Крис Хелер сакаа да ја споделат својата приказна со целиот свет со надеж дека ќе го променат начинот на кој луѓето ги перцепираат децата родени со одредени оштетувања, но и да инспирираат некој да се справи со сличен проблем.

-Треба да бидете горди на вашето бебе без оглед на околностите. Сакавме да покажеме дека е можно да се промени она што го покажа ултразвукот, а потоа и првите фотографии од мојот Броди. Мислевме дека треба да им покажеме на луѓето дека е можно да се справат со со расцепи на лицето, изјави Сара Хелер, мајка на мало момче кое е родено со расцеп на усната и непцето.

Синдромот на расцеп на усна се јавува кога одредени ткива не се формираат правилно, а на ултразвук е можно да се види веќе по 12-та недела од бременоста.

Ова оштетување не е само од естетска природа - може да му отежне на бебето да јаде, пие, да се смее, па дури и да дише. Меѓутоа, во повеќето случаи овој проблем успешно се решава со операција, па овие деца можат да имаат сосема нормален живот.

Сара и нејзиниот партнер Крис беа горди на своето мало момче и како и повеќето родители споделија фотографии од него на социјалните мрежи и покрај дефектот што го имаше. Постојано добиваа зборови на поддршка од сите страни, но многумина беа и груби и дрски кога се родил Броди.


-Решив да ги едуцирам луѓето, наместо да ги напаѓам и да се борам со нив, и тоа сакам Броди да го прави кога ќе порасне, нагласи оваа храбра мама.

Броди денес има 6 години и имал среќно детство, иако имал неколку операции.

-Кога се роди Броди, сфативме колку луѓе го имаат или го имале истиот проблем. Луѓе од целата земја и светот не контактираа, ни рекоа дека се молат за нас и ја понудија својата помош во се што ни треба, заклучи таа.

Фото:saheller/instagram