Кога ја прашаа дали сака да има уште деца, одговорот ги шокираш сите: Ана Николиќ го охрабри Раста - Тато нека работи на тоа! (Фото)

Добивај вести на Viber

Во неодамнешното гостување во емисијата „Амиџи шоу“ пејачката Ана Николиќ меѓу другото зборуваше и за она што е момнтално актуелно во нејзиниот живот. 

Раскажа за Милица Павловиќ со која долго време е во конфликт, поради наводната „кражба“ на нумерата „Проверено спие сам“, а по неа на ред дојде и поранешниот сопруг, Стефан Ѓуриќ - Раста.

Имено, Ана и Раста имаа турбулентна врска од самиот почеток , па откако се роди Тара, во еден период и официјално одлучија да стават крај на бракот.

По разводот налик изгледаа како да се во одлични односи поради ќерката Тара, а потоа Николиќ јавно го ападна на социјалната мрежа Инстаграм, по што односите драстично се променија.

Пејачката не ја пропушти ниту оваа прилика во емисијата да го „буцне“ бившиот, што на раперот воопшто нема да му се допадне.

На прашањето „дали би сакале уште деца“ Ана одговорила дека сака но...

- Јас би сакала, но како би можела да сакам друго дете, кога јас сум заљубена во Тара?  Понекогаш ми е жал што таа е сама. Но, тато може да работи на тоа... избувнала пејачката алудирајќи на нова врска на раперот со убавата Марија.

Дали оваа желба ќе и се „исполни“ на Николиќ, останува времето да покаже, а до тогаш  Раста ужива во љубовта со новата девојка.



Фото: balabanmarija/ananikoli/stefarasta/instagram