Кога мажите стануваат вистински мажи - над 30, 40 или над 50 години?

Добивај вести на Viber

Митот дека луѓето најдобро изгледаат во своите дваесетти години е погрешен, велат новите истражувања кои тврдат дека мажите и жените се најубави во својата триесетта година. Кога станува збор само за мажите, тие, за разлика од жените, поминуваат низ повеќе фази додека да станат самоуверени и сигурни во себе.

Ако зборуваме за годините, не може со сигурност да се каже кога мажите стануваат вистински мажи, бидејќи сè зависи од околностите во кои раснеле и животните ситуации. Но, сепак се смета дека и тука главна улога имаат жените и нивната убавина. Кога мажот ќе почне да размислува како ќе ја импресионира жената која за него е вистински предизвик, тогаш мажот е вистински маж. Кога се работи за посакуваната жена, мажот станува заинтересиран, го прифаќа предизвикот и ја истакнува својата посилна, доминантна страна.

Статистиките велат дека мажите најдобро се забавуваат на 24 години, најздрави се на 30, најзадоволни со својот изглед се во 31 година од животот, вистинската љубов ја наоѓаат на 32 години, најсреќни се во својата кариера на 38, а во животот во целина на 39 години, најспособни се да изградат цврста и стабилна врска на 40, а најбогати се на 47 години. Како и да е, секоја година носи свои убавини.

Инспирирани од празникот на жената, 8 Март, Скопје сити мол предизвика четворица познати мажи да бидат дел од празникот и на своите обожавателки да им приредат убави изненадувања. Четири дами ќе бидат предизвик за четворица познати мажи кои ќе ја покажат својата убава и самоуверена страна.

За да биде предизвикот успешно исполнет, тие ќе им покажат на жените во што се најдобри. Шеф Марк ќе избере вкусно мени, Дарио ќе ја почести со нејзиниот омилен пијалак во своето кафуле, друга среќна добитничка ќе биде дел од претставата на Игор Џамбазов, а за добрата музика ќе биде задолжен Драган Б. Костиќ. Жените заслужуваат добра забава и самоуверен маж, без разлика на нивните години, а мажите ќе бидат задолжени за исклучително позитивна атмосфера и дружење.