Кога на породувањето лекарите го видоа мојот син, викаа „невозможно“: Шансите да изгледа вака беа 1 спрема милион, по 2 години родив иста таква ќерка

Добивај вести на Viber

Нигеријката Кетрин Хауарт се породила за прв пат во 2014 година, а кога лекарите го виделе нејзиниот син Џон, биле целосно изненадени - момчето имало светла кожа и сини очи. Две години подоцна ја родила ќерката Софија, а сценариото од првото раѓање се повторило - и таа имала светла кожа и сини очи. И не, не се работеше за албинизам!

Кетрин е британска државјанка, но е родена во Нигерија и очигледно има темно кафеава кожа, црни очи и црна коса. Нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца, Ричард Хауарт, е белец, но лекарите сепак сметаат дека изгледот на нивните деца е неверојатен и неочекуван.

Оваа мајка била шокирана кога за прв пат го видела малиот Џон; таа била исплашена и се плашела дека зад неговата исклучително светла кожа се крие некоја дијагноза.

Бев многу загрижена и ги прашав лекарите дали сѐ е во ред, дури и направија албино тест на него. Бидејќи јас и мојот сопруг сме од различни раси, мислевме дека неговата кожа ќе потемни со текот на времето, но тоа никогаш не се случи. Беше првпат докторите да видат такво нешто. Ни рекоа дека шансата да имаме такво дете е милион спрема еден и дека нашето второ дете ќе биде многу потемно“, рекла Кетрин.

Но, во 2016 година, кога се родила нивната ќерка Софија - сите повторно биле изненадени. И таа била бела!

Да потсетиме дека децата од расни мешани бракови најчесто развиваат тон на кожа кој е мешавина од двајцата родители. Лекарите веруваат дека во случајот со децата Хауарт, станува збор за „заспаниот“ ген со светол тен од еден од одамните предци на Кетрин, кој нејзиното семејство го носело низ генерациите.



Но, во 2016 година, кога се родила нивната ќерка Софија - сите повторно биле изненадени. И таа била бела!

View this post on Instagram

A post shared by The Howarths  (@the_howarths)



Да потсетиме дека децата од расни мешани бракови најчесто развиваат тон на кожа кој е мешавина од двајцата родители. Лекарите веруваат дека во случајот со децата Хаварт станува збор за „заспаниот“ ген со светол тен од еден од древните предци на Кетрин, кој нејзиното семејство го носело низ генерациите. Кога парот добил потврда дека нивните деца се здрави, тие се смириле и радосно го прифатиле необичниот, атрактивен изглед на Џон и Софија.

View this post on Instagram

A post shared by The Howarths  (@the_howarths)



„Луѓето кои нѐ застануваат на улица се многу љубезни и главно само љубопитни. Мислат дека не сум им мајка, ме прашуваат дали сум дадилка, помошничка и не ни помислуваат дека сум ги родила нив“, додала оваа 42-годишна жена.


ФОТО: the_howarths / Instagram