Кога небото е само граница:10-годишно девојче се омажило со својата симпатија 12 дена пред да ја загуби битката со леукемија
Во април 2022 година, на Ема ѝ била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија. Нејзините родители на почетокот биле оптимистични, но неколку месеци подоцна лекарите им соопштиле дека ракот е неизлечлив и дека има неколку дена или недели живот.
„Тоа се зборови кои ве уништуваат. Сепак, одлучивме дека нема само да седиме и да дозволиме времето да нѝ ги краде драгоцените моменти. Со пријателите на Ема смисливме план да ѝ ја оствариме желбата за венчавка од соништата“, раскажала нејзината мајка.
Имено, додека повеќето деца сонуваат за посета на Дизниленд, Ема сакала да се венча, да биде сопруга и да има 3 деца. Таа чувствувала симпатии кон момчето Даниел Маршал Кристофер Вилијамс Џуниор, а и тој чувствувал симпатии кон неа.
Родителите, членовите на семејството на Ема, пријателите и соседите кои се нарекле „Emma's Army“ (Војската на Ема), вложиле многу труд за да ѝ го остварат сонот. На крајот се приклучила и добротворната организација „Make-A-Wish“ со донација и во помалку од 2 недели сè било подготвено за венчавката која се одржала на 29-ти јуни оваа година.
@luvitall2havefun Emma's wedding came true and she dies happily #childhoodlove #childhood #kidsoftiktok #truelove #happyending #leukemia #childbride #wedding #lastwish #truestory #foryoupage #foryou #fyp original sound - luvitall-0
Ема била облечена во виолетов фустан, а татко ѝ ја одвел до олтарот во инвалидска количка. На прашањето што прво помислил кога ја здогледал Ема, Даниел рекол: „Помислив дека е најубавата личност која некогаш сум ја видел“.
Тие размениле завети и венчални прстени, а на крајот се бакнале. Девојчето дури одбило и лекови против болка бидејќи не сакало да заспие и да го пропушти настанот.
За жал, Ема починала на 11-ти јули, но со исполнет сон.
Фото: Тик ток принтскрин