Кога ова ќе го направите престанува страдањето во вашиот живот: Познатиот мистик Ошо открива грешка која многумина ја прават

Како се чувствувате денес? Дали сте енергични, среќни, мотивирани? За што можете да се заблагодарите денес? Во денешниот свет полн со трки и обврски, материјализмот станува сè поважен. Парите се одлична работа без која не можеме и енергија која може да ни помогне во многу ситуации. Меѓутоа, кога нашиот живот се претвора во постојано размислување за материјалното, тој станува страдање.

Многу луѓе страдаат затоа што немаат нов автомобил, најнов телефон, брендирана чанта ... Овие желби често не доведуваат во заблуда, бидејќи нивното исполнување ќе донесе само привремена среќа. Кога ќе купите нов автомобил, ќе бидете задоволни неколку месеци или една година, а потоа ќе сакате да го замените со уште подобар модел. Повторно ќе очајувате за некое ново парче, среќата исчезнува и се појавуваат страдања и борба со негативните емоции и мисли.

Во материјалниот свет не смееме да заборавиме на духовниот развој кој е неопходен, како што е здравјето и начинот на кој се храниме секој ден. Познатиот мистик Ошо посочува дека заборавивме оти животот е прекрасна игра и авантура, ако така го доживееме, можеме да најдеме радост во секој момент.

„Ако си богат, не размислувај за тоа, ако си сиромашен, не ја сфаќај сериозно својата сиромаштија. Ако можеш да живееш во мир, сеќавајќи се дека светот е само претстава, ќе бидеш слободен, страдањето нема да те допре. Страдањето доаѓа само од сериозните ставови кон животот. Почнете да го третирате животот како игра, уживајте во него“. - вели Ошо.

Животот е прекрасно патување во кое не треба да се трошат зборови на гнев, бес, страдање за материјалното и нервоза. Доживејте го како забавна и предизвикувачка игра, а оние кои ќе најдат мир и радост во себе ќе бидат вистинските победници.