КОГА ПОЧНАЛЕ ДА СЕ СОЗДАВААТ ЅВЕЗДИТЕ: Астрономите имаат одговор

Добивај вести на Viber

Јапонски астрономи открија дека ѕвездите во галаксијата МАКС-1149-ЈД-1 се образувале 250 милиони години по Големата експлозија - доста кус период од вселенска гледна точка.

Овие траги од кислород се најраните откриени во Вселената. Светлината, којашто доаѓа од галаксијата патувала 13,28 милијарди светлосни години пред да дојде до Земјата. Една светлосна година е растојанието, кое светлината го минува за една година - 9,5 трилиони километри.

Присуството на кислород покажува дека создавањето на ѕвездите започнало околу 250 милиони години по Големата експлозија, кога Вселената била само два отсто стара во споредба со сега.

Во Вселената првично немало елементи како кислород, јаглерод и азот. Се смета дека тие се создадени од хемиските реакции на најстарите ѕвезди и се распрскани во вселенскиот меѓуѕвезден простор при самото експлодирање на ѕвездата.