„Кога се роди, мислев дека не можам да те сакам повеќе отколку што те сакав во тој момент. Но, многу згрешив...“: Марија Петровска со емотивна порака за првиот роденден на синчето

Добивај вести на Viber

„Кога се роди, мислев дека не можам да те сакам повеќе отколку што те сакав во тој момент. Но, многу згрешив, затоа што те сакам секој ден сè повеќе и повеќе од тогаш“ напиша некогашната водителка Марија Петровска под низата фотографии објавени на Инстаграм по повод првиот роденден на нејзиното синче Домен кој го има заедно со партнерот Михаел Сказа.

Марија речиси една деценија живее во Словенија со семејството, а секоја прилика ја користи да го посети своето семејство во Тетово, особено откако на свет дојде најмалиот член.

Фото:Инстаграм