Кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново: Марија Груевска за љубовната приказна со Синиша и за свадбата со 600 гости

Добивај вести на Viber

Атрактивната битолска пејачка Марија Груевска која се прослави по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и нејзиниот партнер Синиша Стојаноски, минатата недела направија голема свадба со сите адети во близина на Битола.

Интересно е што венчалниот фистан кој привлече големо внимание во медиумите е креација на мајката на Марија. 

- Фустанот е креација на мојата мајка , која ме познава најдобро и ја знае секоја ситница која ја сакам, исто и едниот од бидермаерите, кристалниот. Другиот бидермаер беше изработен во една цвеќарница во Кичево. Јаготката на шлагот ја додадоа шминката на МР и Кристина Кики- Серафимова (фризура)“, ни раскажа Марија за својот важен ден.

За свадбена локација, таа и Синиша го избрале манастирот Пресвета Богородица во Новаци, во кој од оваа година  како што вели Марија, интензивно започнале со организација на прослави на отворено од секаков вид.

- За музичкиот дел и за прекрасната забава во текот на целиот ден се погрижи „Молика уан бенд“ банд , и Сашо Муфа за вториот дел од свадбата. Секако на прославата беа дел од моите најдраги колеги - Мухарем Хадровиќ, Селим Селимовиќ, Стефан Давидовски, Марио Арангеловски, Александар Јосифовски, Сара Ристеска, Вики Јованџикова, Сара Петровска , Бојан Дамјаноски, Виктор Апостоловски, Никола Зацески, Кристијан Петров, Весна Бионда Илиќ и многу други, без кои вечерта немаше да биде така совршена. Огромна благодарност и до членовите на манастирскиот одбор за сé што направија за нас“, ни раскажа Марија.

- Чувството е неописливо, сè уште не можам да се освестам и да поверувам дека сум била во реалноста и дека мојот сон се остварува...

Граѓанскиот брак пред матичарот беше како во филм, пред манастирот и пред најблиските а венчавката беше вечерна пред сите 600 гости. Сите оние кои ги сакам беа на едно место. Истата одесе во живо на видео бим, за да може да ја проследи секој гостин“, ни раскажа Марија за свадбата за која претходно кажа дека е можно да трае и три дена. 

Убавата пејачка и нејзиниот сопруг внимавале и на деталите, и декорациите на двадбата биле на тема море. 

- Музиката беше весела како и цела атмосфера и сакам да потенцирам дека тоа што ниту еднаш не седнав на невестинската маса, покажува како сум се чувствувала.... Колку и да зборувам повторно не можам да опишам, ќе може да видите преку видеата и сликите кои ќе бидат објавени штом ги монтираат“, раскажа Марија која е сè  уште под импресии од веселбата со гостите. 

Таа накратко ни ја раскажа својата љубовна приказна со Синиша, и за интересниот начин на кој се запознале- преку Инстаграм.

 - Со Синиша се запознавме преку Инстаграм по моја "вина". Го сакам затоа што е посебен и затоа што секогаш кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново и одново. Ме поддржува и имаме исти гледишта во животот. За медениот месец  уште не знаеме точно, но секако би сакале да биде нешто посебно, вели Марија.

Милица Џаровска