Свадба по сите обичаи: Невестинскиот фустан на Марија Груеска е како од бајка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Се омажи пејачката Марија Груевска...

Вчера започна свадбата на Марија Груевска и Синиша Стојаноски, која сме сигурни дека уште долго ќе се прераскажува. Како што веќе најави и самата пејачка, нејзината свадба ќе трае 3 дена, а доколку гостите сакаат и повеќе, истата ќе продолжи.

Свадбата на една од најекстравагантните натпреварувачки кои се појавија на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, пред околу 600 гости му го кажа судбоносното „да“ на долгогодишното момче Синиша Стојаноски.

Невестинскиот фустан на Марија беа инспиран од „Малата сирена“, со тоа што, корсетот на фустанот беше изработен со школки, како и чантата која ја носеше со себе.

Свадбата ја направија по сите традиционални македонски обичаи, па така го имаше традиционалното бричење на зетот, одење по невеста, склучување на граѓински и црковен брак, како и забава која ќе трае цели 3 дена.

Како што веќе откри Марија за српските медиуми, граѓанскиот брак и црковниот, како и прославата ги направија на отворено, кај еден манастир во бизина на Битола.

Помеѓу оние 600 гости кои ги очекуваа, имаше многу пејачи, помеѓу кои беа Виктор Апостоловски, но и нејзините колеги од „Ѕвездите на Гранд“, меѓу кои и македонските натпреварувачи - Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

По она што можевме да го видиме на социјалните мрежи, сите се имаа фатено за микрофонот, а првиот ден од големата прослава, помина во најдобар ред.

фото: Принтскрин / Инстаграм