Актуелно // Insta вести
Кога умира тато, умира и половина од тебе: Весна Бејби Петрушевска жали по својот родител
- 10 Декември, 2022
Минатата година на 9-ти декември актерката Весна Петрушевска, соопшти дека нејзиниот сакан татко починал. Таа тажната вест ја сподели на социјалните мрежи, а годинава повторно со емотивни зборови се потсети на својот родител.
„Една година без тато, уште ми стои на листа најважни 4 броја на телефонот...го слушам неговиот глас, го сонувам и плачам на секој семафор година дена ... кога умира тато,умира и половина од тебе“ - напиша Бејби на фотографијата од татко и со неговата внука Мина, ќерката на Весна.