Кои денови жените се најрасположени за водење љубов?

Добивај вести на Viber

На женското либидо влијаат различни надворешни, но и внатрешни фактори, додека, се чини, желбата кај мажите за секс е секогаш иста - силна и доминантна

Доколку досега сте мислеле дека жените се најрасположени за секс за време на викендите, тогаш навистина сте се лажеле. Всушност, во прашање се специфични денови во месецот. Либидото е најсилно непосредно пред и по плодните денови, поточно многу бргу по завршувањето на „оние денови“.

Сепак, освен хормоните, на желбата за водење љубов влијаат и многу други фактори, а меѓу другото и кој ден е во неделата. Истражувањето направено на повеќе слободни, но и на жени во сериозна врска, открило дека слободните дами преферираат да имаат секс во понеделник и во среда, додека оние во хармонична врска преферираат акција во петок или во сабота.