Кои книги ги читаат успешните жени?
Во потрага по инспирација, секогаш ја наоѓаме секојдневните ритуали на успешните жени. Овој пат ги имаме нивните омилени книги.
Просечен диретор, наводно, чита 60 книги годишно, што значи пет книги месечно, а Дејвид Боуви читал дури по една книга дневно. Од книгите што ги читаат успешните луѓе, можеме многу да научиме за себе, да се впуштаме во нови успеси и да најдеме сила за нови проекти.
Подолу, откријте пет одлични книги кои ги обожаваат успешните жени кои не инспирираат од ден на ден:
Бијонсе, пејачка
Бијонсе е несомнено една од највлијателните жени во 21-от век. Тоа е иконата на сите жени, а особено на членовите на црната раса, кои на посебен ја почитуваат. Тајната на нејзиниот успех и општата глобалната доминација се уште е енигма, но постојано учиме нови работи за неа, рутини и навики кои ја донеле до успех. Читање е сигурно една од нив, па во една прилика откри дека би сакала сите нејзини фанови од помладите генерации да ја прочитаат книгата „What Will It Take to Make a Woman President?” од Маријана Шанал. Тоа е збирка на интервјуа и есеи за големи жени која ќе ве инспирира да станете подобар лидер.
Емили Вајс, основач на порталот Into The Gloss и брендот Glossier
Брендот Glossier е еден од најдобрите примери за одлична соработка со инфлуенсери и дигитален маркетинг во целина. Емили Вајс работела за „Вог" и го водеше својот блог паралелно додека не прерасна во вистинска работа од која наскоро се роди брендот за убавина Glossier. Нејзината омилена книга за успех е „Shoedog" напишана од Фил Најт, основач на брендот Nike. „Бев шокиран од тоа колку пречки сретнал на патот. Но, ми се допадна начинот на кој тој беше упорен и никогаш не престана ", рече Вајс за оваа одлична автобиографска книга.
Меган Маркл, актерка
Омилената книга на идната принцеза Меган Маркл е „Motivation Manifesto”, омилена книга за успех. На нејзиниот блог напишала дека оваа книга е совршена за да се справите со негативните мисли кои ви го попречуваат патот до успехот и ве прават несигурни дека нема да ја постигнете вашата цел
Тајра Бенкс, модел, продуцент и лидер
Поранешната манекенка и основач на натпреварувањето „America’s Next Top Model”, Тајра Банкс им покажа на сите што навистина значи да работиш за нешто што го сакаш. Нејзиниот успех е неспорен, а книга за успех која ја обожава е „Negotiation Genius“, напишана од страна на експерти од Харвард, Deepak Malhotra и Max H. Bazerman. Книгата дава совети за преговарање за сè, од обична соработка до покачување, и Тајра Банкс тврди дека токму таа ѝ помогнала на патот кон успехот.
Џесика Алба, актерка и основач на The Honest Company
The Honest Company е бренд што Џесика Алба го основала по пензионирањето од актерската сцена. Тоа е бренд кој нуди еколошки производи за кожата на децата и возрасните, но исто така и предмети за домот. На патот од актерка до бизнисменка, и помогнале книгите на Сет Годин . „Ако сте претприемач, мора да го читате Сет Годин", рече Џесика Алба, успешна бизнисменка и мајка на три деца.