Фолк пејачката Сузана Гавазова на својот профил на Инстаграм откри дека е дел од снимањето на една новогодишна емисија.
За таа пригода атрактивната Сузе избра две тесни тоалети една во црна, и една во зелена боја, и испеа неколку нејзини хитови.
Средена тип-топ Гавазова замеша во свој стил, а друштво ѝ правеше човекот кој често се грижи за нејзиниот изглед.
Станува збор за фризерот Александар, кој беше понесен од атмосферата и „ептен го погоди песната“. Како што и самата Сузе кажа станува збор за песна со име „Журка“ која е стара цели 11 години.