Кој е најдобар град за студенти?

Добивај вести на Viber

Лондон е  најдобар град во светот за студентите. 

За студентите во Лондон има повисока концентрација на институции од светска класа отколку во кој било друг град, вклучувајќи ги Империал колеџот, Универзитетскиот колеџ во Лондон, Лондонската школа за економија и Кралскиот колеџ. Студентите исто така имаат пристап до културниот живот – музеите, театрите, кината и рестораните.

Се смета за добро место за поврзување со работодавците и за вработување.

Лондон постигна висок рејтинг за тоа што е навистина меѓународен град со високи нивоа на толеранција и разновидност, така што странските студенти нема да се чувствуваат изолирани или исклучени.

Листата од топ 30 најдобри градови за студенти, e направена од групата за високо образование „QS“, претходно на прво место ги постави Монтреал и Париз. Најдобрите десет градови во светот од листата се следните: Лондон, Мелбурн, Монтреал, Париз, Минхен, Берлин, Цирих, Сиднеј и Сеул.

Рејтинзите се засновани на повеќе фактори, како што е бројот на врвни универзитети во градот, локалниот пазар на работни места, разновидноста на културата и квалитетот на животот. Но, Лондон е лошо рангиран за една од мерките, а тоа е достапноста, односно високиот стандард за живот.

Но, кога станува збор за трошоците за живеење и достапност, Лондон лошо е рангиран, со оглед дека е скап и тежок за студентските буџети.