Кој е пољубоморен, жените или мажите?
Психологијата познава два типа на љубомора, емоционална која е претежно женска и сексуална, која претежно е машка, меѓутоа новите истражувања открија дека и мажите и жените сепак повеќе им пречи сексуалното изневерување од емотивно.
Мажите низ еволуција секогаш тежнееле да се осигураат дека ќе остават свое потомство, па нивната љубомора е развиена во тој правец.
Жените, од друга страна се плашат од тоа нивниот маж да не се поврзе емоционално со друга жена. Жените се почувствителни на емоционална измама.
Межутоа направено е истражување кое ги испитувало и двата типа на љубомора и откриено е дека и на жените и на мажите повеќе им пречи сексуално неверство од емотивно. Сепак кај жените е поизразена емотивната љубомора отколку кај мажите.
Што се однесува до прашањето кој е повеќе љубоморен – жените победија во двата случаи и официјално се прогласени за пољубоморни.
Досега се сметало дека воспитувањето и влијанието на средината се пресудни фактори кои влијаат на тоа дали личноста ќе биде љубоморна, но сега е познато дека генетиката влијае со 30 проценти.