„Кој ќе биде најголем фраер?“ Антониа Гиговска вака се подготвува за најубавата животна улога
Младата пејачка Антониа Гиговска ги живее најубавите денови. Таа наскоро за прв пат ќе се оствари во улогата на мајка и треба да роди момче.
Полека се подготвува за наследникот кој ќе пристигне наскоро, а со обожавателите сподели видео на кое прикажува колку е возбудена .
Таа ги сподели подароците кои ги добила од бренд за облека, а во видеото пишува „Кој ќе биде најголем фраер“.
-Јас од секогаш сакав да сум млада мајка, и кога некоја девојка би ме прашала што мислам на таа тема, ќе и кажам дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години..., напиша Антониа, на својот инстаграм профил.
Покрај тоа, пејачката додаде дека воопшто не ја засегаат коментарите за приватниот живот.
-Некогаш негативниот коментар е позитивна критика, па се обидувам да го применам кога станува збор за музиката, меѓутоа кога е нешто за мојот приватен живот, навистина не читам и не ме интересира, изјави Антониа.
Фото: Инстаграм Стори - Антониа Гиговска