Koj oброк е најважен ако сакате да слабеете?
Израелски научници испитувале 11 жени и 18 мажи, заболени од дијабетес тип 2, кои имаат проблеми со дебелината. Пациентите, на просечна старост од 69 години, земале инсулин.
Пациентите биле поделени во две групи. Првата група земале обилен појадок, не преголем ручек и многу помалку храна за вечера. Другата група, имале шест мали оброци. Кај учесниците во истражувањето се регистрирани вредности на глукоза и промени во тежината.
Првата група во текот на испитувањата, во просек, загубила околу пет килограми, додека во другата група тој просек изнесувал само 1,5 килограми. Гладот и желбата за храна се намалиле кај првата група, додека кај другата група се зголемиле.
Членовите на групата, кои јаделе сериозен, високоенергетски појадок, имале значително помала потреба за инсулин, додека членовите на другата група морале да земаат повеќе инсулин од претходно.
Резултатите од истражувањето сугерираат на тоа дека вистинското време на земање на храна и фреквенцијата на оброкот, можат да имаат многу важна улога во контролата на тежината за дијабетичарите.
Клиничкиот нутриционист доктор Дејвид Фридман, објаснува дека обилен појадок, после кој во текот на денот следуваат два помали оброци, може да помогне при слабеење.
На луѓето кои се трудат да изгубат килограми, тој им советува да избегнуваат бело брашно и рафинирани шеќери рано наутро.
Се предлага храна која заситува, како јајца, спањак, авокадо, органска овесна каша, дури и палачинки од интегрално брашно.