„Кој сум јас да му судам?“: Синот на славниот кошаркар Меџик Џонсон, во кратки тексас шорцеви и тесен топ шеташе низ улиците на Лос Анџелес
Џеј Џонсон сака
да се облекува како жена. Синот на познатиот Меџик Џонсон, еден од најдобрите
кошаркари на сите времиња, повторно го привлече вниманието на папараците со
својот необичен моден стил, а овој пат, по долго време беше „уловен“ додека се
шеташе по улиците на Лос Анџелес.
Џеј Џонсон, се прослави благодарение на реалити програмата „Богати деца од Беверли Хилс“, е познат по тоа што најчесто се облекува како жена, а така беше и овој пат.
Тој избра црн топ кој повеќе открива отколку што покрива, а го носеше во комбинација со кратки тексас шорцеви и долга наметка од тантела.
- Се сакам себеси таков каков што сум. Среќн сум и многу задоволен од себе. Отсекогаш сум велел дека ако некој не се чувствува добро во своето тело, треба да направи нешто околу тоа. Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова тело е онаму каде што треба да биде. Не чувствувам желба за промена. Јас сум сто проценти сигурен во тоа што сакам. Го сакам своето тело и се чувствувам удобно во сопствената кожа, рече тој.
Додаде и дека, ако сака, може да биде и маж и жена, а ако облече фустан ќе облече фустан. Иако многу се шпекулира за неговиот изглед, Џеј ја има сета поддршката и од семејството, особено од неговиот славен татко, кој во неколку наврати признал дека најважно му е синот да е среќен.
Познатиот спортист Меџик Џонсон во една прилика откри дека не реагирал добро кога синот му рекол дека е геј, но му се извини и јавно уште еднаш го повтори извинувањето.
- Зошто да му судам? Кој сум јас?, изјави тогаш поранешниот кошаркар.
Фото: Profimedia/MagikJohnson/facebook