Која банка нуди најдобри услови за приматели на плата?

Добивај вести на Viber

Со првото вработување основно нешто што треба да направите, доколку веќе немате, е да отворите трансакциска сметка во банка бидејќи преку неа во иднина ќе го добивате вашиот личен доход. Во денешно време трансакциска сметка вообичаено се отвора и порано бидејќи е неопходна за низа банкарски услуги и тогаш најчесто и не се води многу грижа за тоа во која банка е сметката. Но, кога се почнува да се остварува личен доход, тогаш станува важно чиј клиент ќе станете бидејќи самото тоа што платата „легнува“ на сметка во одредена банка, може да ви донесе низа поволности.

Понекогаш изборот на „вистинската“ банка може да биде комплициран затоа што банките нудат широк спектар производи и услуги. Токму затоа, за да го поедностави процесот за избор, Халкбанк ја креираше услугата „Примател на плата” со што секој кој ќе реши својот личен доход да го добива на транакциска сметка во банката, без разлика дали се работи за прво вработување или за „префрлање на платата“ од друга банка, добива низа значајни бенефиции.

Секој што преку тековна сметка во Халкбанк остварува редовен личен доход, пред сé добива можност за користење на Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која може без провизија да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата. Халкбанк има и широка мрежа на сопствени современи банкомати со кои се нудат низа услуги со кои се избегнува одење во некоја експозитура и чекање ред на шалтери, како депонирање готовина на својата трансакциска сметка или, пак, плаќање долг на кредитната картичка. 

Примателите на плата добиваат можноста и за дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати. Дозволениот минус е најлесно решение за надминување на моментален или периодичен недостиг на пари кој можете да го искористите кога ви се потребни средства за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци

Кога станува збор за картичките, со станување клиент со плата во Халкбанк, секој може да избере да добие и кредитна картичка од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за трансакции на одредени продажни места и во одредени периоди. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства  кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.

Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, има современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online .

Примателите на плата во Халкбанк можат и да штедат со најповолни каматни стапки со наменскиот производ Мој депозит. Каматата за овој тип на производ е фиксна и се движи до 1,30% за штедење во денари и 0,90% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Клиентот може да одбере помеѓу исплата на камата на крај на период на орочување или месечно.

Секако не треба да се заборават и кредитните производи на банката. На пример потрошувачкиот кредит кој се добива преку брзи процедури за подигнување. Или,пак, станбениот кредит кој поради атрактивните услови е меѓу најбараните производи. Примателите на плата во Халкбанк ја имаат и можноста да го користат и новиот производ на Халкбанк – Онлајн кредит со кој до средства во висина до 300.000 денари може да се дојде без посета на банка бидејќи целата постапка се одвива преку интернет.

Дополнително во филијалите на банката или онлајн можат да се купат и полиси за неживотно осигурување (патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, осигурување на имот и останати типови) издадени од Халк Осигурување АД Скопје.

Бидејќи Халкбанк води грижа за своите клиенти и постојано воведува производи по нивна мерка, не двоумете се. Отворете трасакцијска сметка во банката, станете примател на плата преку Халкбанк и користете ги сите поволности кои таа ги нуди за вас.

ПР објава