Која е Ивана Малиќ, жената која на Милош Биковиќ ќе му роди дете: Еве со што се занимава оваа убава Црногорка

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ го очекуваат своето прво дете. Oваа вест ја споделија лично на социјалните мрежи идните родители.

Долгогодишната избраничка на актерот Милош Биковиќ е во блажена состојба, а како дознаваат медиумите за нејзината бременост, таа долго време ја криеше од очите на јавноста.


Милош Биковиќ (34), познат по улогите во филмовите „Монтевидео, Бог те видео“, „Јужни ветар“, „Сунчаница“ и многу други од српска и руска продукција, е еден од најбараните српски актери во моментов. 

Го поврзуваа со многу девојки, а некои од неговите претходни љубови беа Ања Алач, Бранкица Себастијановиќ, Аглаја Тарасова, Барбара Таталовиќ и Арина Волошина.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)



Сепак, минатиот ноември сите беа љубопитни да дознаат која е мистериозната девојка во прекрасен бордо фустан, која со актерот дојде на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“. Двојката ја започнала својата романса минатата година во Ровињ, а првото заедничко појавување беше на премиерата на филмот „Забрзување“.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)



Набрзо се дозна дека се работи за адвокатка Ивана Малиќ (25) која потекнува од Црна Гора, поточно од Бар. Секогаш е беспрекорно стилизирана, а се грижи за исхраната и телото, а доказ за тоа е нејзината извајана фигура, која можеме да ја видиме на фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.


ФОТО: Printscreen/Instagram/Ivana Malić