Која е мистериозната грчка принцеза за која не се зборува: Принцот Хари ѝ е кум, вели дека живее скромно, а троши милиони

Добивај вести на Viber

Иако е најстарото дете во грчкото кралско семејство, принцезата Олимпија не зборува грчки, а нејзиниот начин на живот привлекува внимание со години - иако се труди да не се експонира.

Принцезата Марија Олимпија од Грција и Данска (26) е член на едно од најугледните европски кралски семејства и многу успешна млада жена. Сепак, таа и нејзиниот гламурозен живот ретко се појавуваат во списанијата и таа е во сенка на британската војвотка Кејт Мидлтон и Меган Маркл - неправедно, ако не прашате нас.

Марија Олимпија е најстарото дете и единствената ќерка на Павлос, принцот на Грција и Данска, и на принцезата Мари-Шантал, која има американско и еквадорско потекло.

View this post on Instagram

A post shared by Olympia of Greece (@olympiagreece)



Нејзиниот дедо е Константин II од Грција, последниот крал на оваа земја, кој владеел од 1964 до 1973 година, кога во Грција била укината монархијата, додека нејзината баба е принцезата Ана-Мари од Данска.

Иако не се со сина крв, семејството на мајката на Олимпија е исклучително богато и влијателно - дедото на принцезата по мајка е Роберт Ворен Милер, американски милијардер и ко-основач на компанијата DFS (Duty Free Shops).

View this post on Instagram

A post shared by Olympia of Greece (@olympiagreece)



Иако од 1973 година принцезата која обично се претставува само како Олимпија и нејзиното семејство не се на чело на Грција, на нивниот начин на живот би позавиделе многу кралски семејства.

Таа е родена во Њујорк на 25 јули 1996 година, а се крсти во грчката православна црква Свети Ѓорѓи во Истанбул во декември истата година. А ја крстил лично Вселенскиот Патријарх Вартоломеј Први!

Грчкото кралско семејство во еден момент се преселило во Лондон, каде што Олимпија го поминала поголемиот дел од своето детство, а по неа се родиле принцовите Константин-Алексиос, Ахил-Андреас, Одисеј Кимон и Аристидис-Ставрос.

Од раното детство, принцезата била заинтересирана за модата, па затоа во 2007 година за прв пат била видена на модна ревија, кога како единаесетгодишна девојка присуствувала на моден настан во Рим.

View this post on Instagram

A post shared by Olympia of Greece (@olympiagreece)



Ја интересирале многу работи, па студирала историја на уметност, фотографија и графички дизајн, а се школувала во престижни швајцарски училишта. Сепак, цело време сонувала за кариера во уметноста или модата, а кога имала 17 години стажирала во модната куќа Диор.

Познато е дека во 2016 година дипломирала на њујоршката школа за дизајн „Парсонс“, додека една година претходно се запишала и четири години подоцна дипломирала на Факултетот за индивидуализирани студии за моден бизнис и маркетинг „Галатин“ на Универзитетот во Њујорк. Тогаш се шпекулираше дека таа се гледа со принцот Хари, синот на нејзиниот кум принцот Чарлс. Сепак, британското кралско семејство веднаш ги демантираше овие наводи. 

Во истата година, принцезата Марија Олимпија се појави на насловната страница на списанието Vanity Fair со нејзините братучетки Изабел Гети и принцезата Талита фон Фирстенберг.

Убавата грчка принцеза не се експонира премногу во јавноста, но познато е дека од 2021 година е во врска со Перегрин Пирсон, синот на четвртиот британски виконт Каудреј. Своевремено за магазинот „Татлер“ признала дека цел живот се бори со дислексијата.

Во текот на своето образование, принцезата Олимпија работеше како модел, појавувајќи се во голем број списанија за мода и начин на живот и шетајќи по пистата на ревиите на Мајкл Корс и Долче и Габана.

Сепак, освен ретките информации од нејзината биографија, таа е една од најмистериозните европски принцези и избира да живее како обична девојка - колку што може некој што израснал во таков гламур. Бидејќи нема официјални кралски должности, слободното време најчесто го поминува на патувања низ светот, а интересно е што Олимпија не зборува грчки.