Која е новата снаа на Ѓоковиќ? Убавата Сашка веднаш го освоила Ѓорѓе
Љубовта меѓу Сашка Веселинов и Ѓорѓе Ѓоковиќ едноставно се случила. Многу брзо откако се
запознале, двајцата заминале на заеднички одмор.
Кога се вратиле, знаеле дека тоа е тоа и дека се создадени еден за друг. Сепак, многумина денес се прашуваат кој е Сашка Веселинов, што работи и каде се запознале.
Сашка Веселинов е модел и инфлуенсер. Таа е популарна на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 50.000 луѓе. Сака да патува и особено сака егзотични дестинации, како Дубаи и Танзанија.
За разлика од неа, Ѓорѓе е успешен млад бизнисмен, а во Сашка се заљубил речиси веднаш штом ја видел.
При нивното гостување во емисијата „Амиџи шоу“ открија дека неофицијално живеат заедно уште од првиот ден на запознавање.
Во една прилика Сашка раскажа како Ѓорѓе по само 20 дена запознавање ја повикал заедно да одат на море.
Откако се вратиле, ја изненадил со една реченица која засекогаш ќе ја памети:
- Би сакал една дестинација да ни биде дом, по патувањето да се вратиме во истата куќа – ѝ рекол Ѓорѓе.
Сашка била малку изненадена, но немала ништо против тие да започнат заеднички живот.
Вака започна нивната заедничка приказна, а вчера парот се заколна на вечна љубов пред Бога. Сашка и Ѓорѓе чекаат бебе, па тоа ќе биде и вистинската круна на нивната љубов.
Фото: Инстаграм
Поврзани вести: