Која ги носи подобро: Карлеуша и Ким Кардашијан во исти розови чизми

Добивај вести на Viber

фото: Ata/Christopher Polk/Getty Images via Guliver

Само тие две го можат ова.

Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан - две ѕвезди, чиј модни стилови поставуваат трендови.
 Досега многу пати се случувало двете да бидат забележани во исти модни комбинации или барем модни парчиња, поради што често се дискутира кој од кого видел.

Јелена Карлеуша досега има докажано безброј пати дека нејзиното чувство за мода е вродено и само може да се усовршува со текот на годините.

Нејзините модни изданија се оригинални, ексцентрични, провокативни. Таа сака да ги преминува границите и да си игра со стилови, а истото би го рекле и за Ким Кардашијан.

Таа често истакнува дека не ги следи слепо трендовите и дека не ѝ е потребна помош од стилист. Секое модно издание го прилагодува на нејзината личност.

Овојпат правиме споредба од нивните изданија во идентични розови чизми над колена (со мала разлика во нијансата на бојата), што ретко кој би се осмелил да ги носи, освен нив две.

Па што мислите, која ги носи подобро?