Која храна и како влијае врз киселинско-базна - pH рамнотежа во организмот

Добивај вести на Viber

Постигнувањето на киселинско-базна рамнотежа во организмот е битна за одржување на добрата здравствена состојба, превенцијата за бројни заболувања и виталност. Како што соодветната исхрана и вистинскиот избор на намирници позитивно влијае врз pH рамнотежата, така некои намирници во комбинација со лошиот начин на живот, алкохолот и цигарите ја нарушуваат оваа рамнотежа.

Затоа треба да се знае која храна како влијае, што поттикнува и во кои процеси во организмот учествува. Така, храна што предизвикува киселост во организмот е јајца, црвен грав, јачмен, спанаќ, семе од тиква, семе од сусам, јачмен, путер. Како храна што обезбедува оптимална киселост е интегрални житарки, јаткасти плодови (освен бадеми), компири, риба, сливи, сенф, пуканки, 'рж, овес, тестенини од цело зрно. Прекумерна киселост предизвикува индустриски обработената храна, белиот леб и други производи од бело брашно, рафинирани житарки, чоколадо, кикирики, кафе, газирани сокови, вински оцет, шеќер.

Сепак, треба да се прави разлика помеѓу храната со кисел вкус што ја стимулира алкалната база на организмот и храната што ја создава киселоста на организмот. Лимонот е најдобриот пример - тоа е кисело овошје кое не создава киселост. А покрај лимонот, храна што ја поттикнува алкалната основа на организмот, уште е интегралниот ориз, леќата, маслинките, маслиновото масло, костените, билни чаеви, смокви, лубеница, манго, диња, мед, краставици, портокали, домати, кромид, цреши, печурки, праз.

Како неутрална храна што одговара на организмот и придонесува за киселинско-базна рамнотежа се класифицира масла (освен маслиново), и некои млечни производи од кои јогуртот се издвојува како најдобар производ што создава рамнотежа во организмот.

Посебно Баланс+ пробиотскиот јогурт има позитивен ефект врз многу процеси во организмот а помага за одржување на киселинско-базната рамнотежа во организмот. За оптимална киселост, неопходно е да се консумира секој ден по 500 грама Баланс+ за организмот да ги почувствува сите придобивки. Ова е единствениот клинички тестиран јогурт на пазарот, што потврдува дека неговото редовно консумирање е во согласност со она што му е потребно на организмот.

За постигнување комплетна киселинско-базна рамнотежа на организмот потребно е да применат и останатите препораки како консумирање месо или риба со свежа, сезонска салата, препорачани зачини за салати се лимон и маслиново масло, што повеќе свежо овошје и зеленчук, многу вода, житарици со мед, цимет, сусам, избегнување пченица леб и бело брашно и вежбање односно физичка активност со умерен интензитет.

Рамнотежата во организмот не бара многу - треба да се минимизира храната што создава киселост во организмот, додека здравата исхрана, умерена физичка активност и квалитетна храна се најважниот клуч за здравото функционирање на организмот.