Кај повеќето трудници, покомфорна – а и поздрава – положба е спиењето на страна.
Подобро е да се спие на левата страна, за да му се обезбеди на бебето доволно крв и
нутриенти. Ако имате болки во грбот, ставете перница под стомакот, за да се растерети
тежината. Може да помогне и позиција на свиткани колена и перница помеѓу нозете.
Секој индивидуално треба да ја избере перницата која најмногу му одговара. Таа треба
да е доволна цврста за да му даде поддршка на вратот при спиење, но и доволна мека
за да се прилагоди на линијата на телото.