Која земја во светот има најмногу пушачи?
Милијарда пушачи има во светот, односно една седмина од вкупната популација. Секоја минута се палат 11 милиони цигари, а десет луѓе дневно умираат поради оваа навика, информира Светската здравствена организација.
Најмногу пушачи има во Кина - 315 милиони. Кинезите пушат една третина од цигарите во светот.
Индонезија има голем процент на пушачи, односно во оваа земја три четвртини од мажите постари од 15 години се пушачи.
Околу 80 проценти од светските пушачи живеат во земји со ниски или средни примања.
Пет компании контролираат 80 отсто од светскиот пазар со цигари. Нивната заработка во 2015 година „тежеше“ 62 милијарди долари.
Во текот на деведесеттите години според статистиките, пушач беше секој трет маж и секоја дванаесетта жена. Денеска секој четврти маж и секоја дваесетта жена се пушачи.