Колку да се пржи храната за да биде поздрава?

Добивај вести на Viber

Една од тие штетни материи поради кои најмногу би требало да одбегнуваме пржена храна е акриламид, хемиска спојка која настанува за време на пржењето и печењето на намирниците која содржи скроб на висока температура.

Затоа храната добива златна боја, поради кој е вкусна, но многу научници сметаат дека акриламидот е најголемата причина за појава на рак. 

За време на пржење на намирниците, не ги пржете до крај, треба да престанете со пржење пред да ја добијат смеѓата боја. Треба да ги пржете само додека ја добијат благо златната боја.

Така храната е помалку штетна, но тоа не значи дека треба да ја јадете често и да ги замените овошјето, зеленчукот, сите  намирници кои се здрави и потребни за организмот.