Колку и да сте вљубени, овие 5 работи не менувајте ги поради фраерот
Ако некој од вас бара поради него да го смените својот изглед, пријатели, хоби или било која друга работа, тоа е знак дека таа личност не е за вас. Љубовната врска би требало да се гради на многу длабоки основи од изглед и облека. Во љубовта нема место за површност, а личноста со која сте во врска треба да ве сака точно такви какви што сте. Еве кои работи не би требало никогаш да ги правите поради фраерот:
Диета
Немојте никогаш поради фраер да се ставате на диета. Одлуката за здрава исхрана или вежбање треба да ја донесете само поради себе, а не за да импресионирате некој маж.
Прекин со пријатели
Ако момчето ви забранува да се дружите со други мажи, дури иако се работи за ваши пријатели од детството, тогаш со право може да го оставите. Ако фраерот не верува во машко - женските пријателства, тоа многу кажува и за неговиот однос кон другите жени.
Жртвување на кариера
Не мора да бирате меѓу љубовта и кариерата. Ако вашите деловни обврски му сметаат, преиспитајте ја својата врска. Мажот кој ве сака мора да ве поддржува во работата која ја работите и во сите ваши интереси во животот.
Менување на стил
Ако тој сака скоцкани и нашминкани жени, а тоа не е ваш стил, можете повремено да го развеселите со некое такво издание. Но својот стил исто така не би требало да го менувате поради маж, но ниту вие не би требало него да го терате на такво нешто.
Менување на фризура
Тој сака русокоси, а вие сте бринета? Тој сака долга коса, а вашата е кратка? И покрај своите преференции, ве избрал вас, и ако се обидува да ве наговори поради него да го промените изгледот веднаш дајте му до знаење дека тоа не доаѓа предвид.