КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА? Еве од што зависи новата цена

Добивај вести на Viber

По најавите за поскапување на електричната енергија, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека е донесена одлука на Владата со која ЕСМ би му понудил на ЕВН количини на електрична енергија по цена од 60 евра за мегават час. ЕСМ ќе може да обезбеди 85 проценти од потребите на универзалниот снабдувач, вклучувајќи ги домаќинствата.

На цената ќе влијае и профитната маржа, која од 1 јули ќе биде 9,9 наместо досегашните 11,5 проценти.

„РКЕ никогаш до сега не дозволи да има ценовни шокови, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање за да нема ценовен шок. Треба да почекаме да заврши тендерот за набавка на електрична енергија на 21 јуни и ЕВН хоум да ги достави пресметките за цената на електричната енергија на контрола во РКЕ за да видиме колкава ќе биде цената“, рече Бислимоски.

Извор: faktor.mk