Колку месеци пред истекот на пасошот може да патувате во странство?

Добивај вести на Viber

Сезоната на летни одмори е веќе започната, па доколку патувате во странство неопходно е два пати да ја проверите датата за истекување на пасошот.

Причината за тоа е што во земјите на ЕУ, различно се пресметува важноста на пасошот. бидејќи во спротивно може да бидете вратени назад од граница.

Во ЕУ земјите може да патувате ако до истекот на пасошот останале уште три месеци, но не од датумот на патување, туку датумот на враќање во земјата.

Што се однесува до земји кои се надвор од ЕУ зоната,  патната исправа треба да важи најмалку 150 дена, односно 6 месеци од денот на одење во Тунис и Египет и не заборавајте на детските пасоши кои имаат пократок рок на траење.