Колку повеќе му угодувате на партнерот- толку побрзо ќе си замине: Познат психолог тврди дека за среќен брак потребно е да се исполнат само овие две контрадикторни тези

Белорускиот психолог Павел Зигмантовиќ е еден од најпознатите стручњаци таму и вели дека допира до најмалку 100.000 луѓе месечно преку неговите книги, статии, видеа или курсеви. Зигамнтовиќ ја застапува теоријата дека самиот човек е ковач на својата среќа, но дека за тоа му треба труд и знаење.

Зигмантовиќ, кој активно се занимава со оваа професија од 2001-ва година, на својата веб-страница редовно објавува текстови посветени на секојдневните, чести проблеми на луѓето, со цел да им помогне да надминат одредени пречки и да научат нешто за себе и за другите.

Овој пат ви го пренесуваме неговиот текст за бракот и што е потребно за (не) успех во него.

Бракот е парадокс. Целата поента на бракот се постојани парадокси. Еве ги моите две омилени тези кои сведочат во прилог на фактот дека бракот е парадоксална врска.

Тоа се:

1. Создавање безбедна средина во врската која постојано се негува и поттикнува

2. Не се задоволувајте со врска во која не ви е удобно


Луѓето, кога ќе ги слушнат, обично се збунуваат, бидејќи овие две тези се контрадикторни. Затоа што ако создадете безбедна, убава средина, тогаш треба да му угодите на вашиот сопружник во сè, нели?

Од друга страна, ако не се согласувате со врска која не ви се допаѓа, тогаш треба да ѝ свртите грб на идејата да се препуштите на туѓите каприци. Се чини дека овие две тези не можат да се спојат. Нормално дека можат! Запомнете што реков - бракот е изграден на парадокси.

Многумина ја создаваат таа убава, домашна средина и се обликуваат според партнерот, обидувајќи се да му направат што е можно поудобно. Но, не треба да го правите тоа!

Јасно и гласно ви кажувам - не треба да бидете премногу пријатни во врската или целосно да му угодувате на партнерот. На некој непознат начин тоа уништува сè. Зошто така функционира, не разбирам целосно. Сепак, тоа го имам видено многу пати во кариерата и во тоа сум сигурен - колку е мажот поскротен и колку повеќе ја радува својата партнерка, толку побрзо таа го напушта.

Можеби, но велам можеби, тоа доаѓа како резултат на тоа добро, ајде да го наречеме удобно, личноста станува премногу попустлива и го ослободува брачниот другар од брачните ветувања.

Можеби, но велам можеби, удобната личност станува неинтересна или невидлива. Повеќето сакаат да избегаат од него.

Можеби, но велам можеби, со нејзината желба да стане исклучително удобна, таа едноставно ја задушува другата страна со грижа. Што, повторно, е одбивно.

Генерално, има многу објаснувања, но не можам да гарантирам за нивниот кредибилитет. Но, едно е сигурно - колку повеќе човек сака да му угоди на својот сопружник, толку побрзо брачниот другар се оддалечува од него. На крајот - толку се одалечува што разводот е неминовен.

Што да се прави тогаш?

За почеток, вреди да се земе здраво за готово она што го напишав на самиот почеток. Бракот, драги мои, е изграден на парадокси! Да, неопходно е да се создаде безбедна средина каде што имаме сè, но во исто време, не можете да се согласите на сè што не ви одговара. Тоа е парадокс!

Мора да најдете рамнотежа - точката помеѓу удобноста за себе и удобноста за вашиот партнер. Помеѓу создавање безбедна средина и одржување на врска која е добра за вас.

Ова не е лесно да се направи! Мора да се обидете, мора да барате опции. Барањето опции кои одговараат на другата страна е големо мачење. Искрено ќе се испотите додека не ги најдете. Комплицирано е. Но, брачниот живот не е прошетка во парк. Неопходно е да се вклучи мозокот.

Со текот на времето, се појавува вештина, се развиваат ефективни стратегии и сè станува подобро. Затоа, не се задоволувајте со врска која не ви одговара и создадете удобно опкружување. Не е лесно, но резултатот е импресивен - среќен брак.


Извор: zena.blic.rs