Колку време треба да пешачите за да ги изгубите вишокот на килограми

Добивај вести на Viber

Многумина се прашуваат колку треба да пешачат за да ги изгубат вишокот на килограми и за да ја доведат својата линија во ред.

Без грижа, ако почнете по малку да шетате, може да го постигнете тоа.

Пешачењето е една од подобрите физички активности бидејќи го зајакнува вашето срце и системот за циркулација, ги согорува мастите, ги активира мускулите на телото.

Најдобар начин за пешачење е следниот:

Десет минути одете полека за да ги активирате мускулите и да се загреете. Потоа забрзајте го темпото и пешачете така 20 минути. Во тој период ќе започне процесот на согорување на мастите, забавете го темпото и одете така 10 минути.

Додека пешачите, внимавајте вашето тело да биде во правилна положба. Внимавајте вашите рамењада се опуштени, грбот да е исправен и вашите мускули да се цврсто затегнати.

Внимавајте и на дишењето. Вдишувајте на нос, издишувајте низ уста. Внимавајте на чекорите. Прво петата, после прстите.

За да ослабнете потребно е да правите околу 10 000 чекори, а ако навистина сакате брзи резултати зацртајтеси 12 000 или 13 000 чекори дневно.

Иако, ова можеби звучи многу, доволно ви се половина час или еден час.